Бугарскиот селектор пред дуелот со Македонија: Треба љубов, а не омраза

од Nikola Popovski
395 прегледи

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација Јасен Петров го оттргна вниманието од какви било други теми и прашања пред натпреварот против Македонија во четврток во Разград.

Петров не смета дека дуелот е важен и од други причини, освен спортските.

„Фудбалот е најголемата игра. Спорт кој прави многу луѓе среќни. На фудбалот гледаме само како на игра“, изјавил бугарскиот селектор на денешната прес-конференција.

„Треба да има љубов, а не омраза. Јас не сум политичар и нема да заземам став на темата меѓу Бугарија и Северна Македонија како политичка тема. Тие мислат дека се фаворит на натпреварот, што е во ред, но и ние имаме свои аргументи. Натпреварите не ги делиме на важни и неважни. Следниот е секогаш најважен. Респект за противникот, но и ние сакаме да победиме“, додал Петров пред новинарите.

Фото: Bulphoto

Слични содржини