Бугарските болници преполни: „Не можеме да се справиме со оваа масовна инфекција“

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Бугарските болници и служби за итни случаи се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на случаи на инфекција со коронавирус.

„Не можеме да се справиме со оваа масовна инфекција“, рече портпаролот на службите за итни случаи Катја Сунгарска во Софија.

На многу места, болниците се реорганизираат за да се создадат повеќе одделенија за пациенти инфицирани со ковид-19.

Минатиот четврток имало нови 395 случаи на 100.000 луѓе во период од седум дена. Нова седумдневна стапка на инциденца се очекува да биде објавена во четврток.

Во Бугарија, земја со население од 6,9 милиони жители, во средата за 24 часа се пријавени 4.374 нови случаи на инфекција со коронавирус, наспроти 3502 минатата среда.

Од почетокот на пандемијата во земјата 11.500 луѓе починале од коронавирус, од кои 107 само во вторникот.

Слични содржини