Министерството за надворешни работи на Бугарија добило сигнал од организаторот на граѓанската иницијатива „Испрати бугарска книга во Република Северна Македонија“ Виктор Стојанов, според кого безбедносните служби во земјата вршат притисок врз локалните граѓани кои добивале книги од иницијатива.
Според сигналот, станува збор за голем број такви случаи – во Битола, Кочани и Ресен,пишуваат бугарсите медиуми.
Во врска со ова, на дипломатските мисии во Република Северна Македонија им е наложено да направат проверки од случај до случај и да предложат опции за одговор на бугарската страна, се вели во соопштението.