Бугарското МНР: Софија ја цени брзата реакција на Скопје против палењето на бугарското знаме

од Nikola Popovski
255 прегледи

„Софија ја цени брзата акција на Скопје по повод објавеното видео од провокациите и палењето на бугарското знаме“, стои во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи откако в.д. амбасадорот на С. Македонија во Софија бил поканет на разговор, јавува БГНЕС.

На состанокот во Министерството за надворешни работи, бугарската страна соопштила дека ја цени брзата акција на скопските власти во случајот на палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи против членовите на бугарската влада.

Министерството за внатрешни работи трага по сторителите кои го запалија бугарското знаме и го објавија синоќа на Фејсбук страницата „ВМРО YМС Гази Баба“ со коментар: „одговор на заедничката историја“.

„Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе постапува по овој пред предмет и превзема мерки и активности за расчистување“, соопштија од МВР.

Слични содржини