Бугарското Собрание го избра Бојко Борисов за нов премиер

од Vladimir Zorba
100 прегледи

 

Бугарското Народно собрание денеска го избра лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов за нов премиер на Бугарија, јави БТА.

„За“ изборот на Борисов гласаа 133 пратеници, додека 100 се изјаснија против.

Попладнево Собранието треба да гласа и за избор на Владата на Борисов, која ќе има четворица вицепремиери и 18 министри.

Во своето обраќање пред пратениците пред изборот, Борисов изјави дека по волја на бугарскиот народ ГЕРБ и коалицијата Обединети патриоти (ОП) ја „преземаат одговорноста за управување со земјата во следните четири години во моменти кои се историски за светот и Европа“.

Борисов нагласи дека двете страни до договорот за коалициско партнерство стигнале со надминување на меѓусебните разлики и со утврдување на основните приоритети на земјата, како почитување на евроатланскиот пат, гарантирање на националната безбедност, заштита на државните граници, обезбедување повиски плати за граѓаните и подобрување на квалитетот на образованието.

Борисов најави дека еден од приоритетите на неговата Влада ќе биде усвојување на нов антикорупциски закон, со кој ќе биде формирано ново тело за борба против корупција, кое ќе ја земени сегашната антикорупциска комисија.

– Ќе извршиме истрги за корупција во високите нивоа на власта, вети Борисов.

Пред денешното гласање во Парламнтот, предлог-листата на кандидати за членови на неговиот Кабинет, Борисов ја достави до претседателот на Бугарија, Румен Радев.