Бугарското вето се поизвесно, Заев вели дека македонскиот народ е подготвен за вакво сценарио

од Берта Китинска
221 прегледи

Софија во вторник, на Советот на минстри, ќе стави вето за старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија најави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева,оваа изјави доби потврда и премиерот Зоран Заев.

Захариева, во интервју за бугарската телевизија „БТВ“ кажа дека ќе го блокираат стартот на преговорите со ЕУ бидејќи македонската страна не ги исполнувала обврските од Договорот за добрососедство и не е подготвена за старт на преговори.

„Ние велиме ‘не’ за почеток на преговори, а не за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Премиерот Зоран Заев, најави дека бугарското вето е се поизвесно. За прв пат тој не беше оптимист околу исходот од Советот на министри кој ќе се одржи во вторник и каде според најавите Бугарија ќе го испорача своето вето.

„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. До декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција“, изјави премиерот Заев.

Османи вели дека ќе работиме до последен момент за решение со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека се додека постои простор, постои и можност да се разговара и да се рефлектира приближувањето на ставовите меѓу С. Македонија и Бугарија, но одлуката ќе биде донесена во Советот на министри на Европската унија.

– Нашата политика е дека ќе работиме до последниот момент од овој обид за носење одлука на Советот за општи прашања, но и за другите Совети. Ние немаме алтернатива од европската агенда. Не можам да кажам кој ќе биде исходот. Очигледно дека во Република Бугарија се понагласено се зборува за неприфаќање на рамката од нивна страна, но ние ќе продолжиме да работиме, да разговараме не само со Република Бугарија, туку со сите земји – членки, бидејќи немаме алтернатива од европскиот пат, истакна Османи.

Според Захариева, Скопје не може да влезе во ЕУ, а да го слави Тито

Бугарскиот министер за надворешни работи. Екатерина Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

„Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, рече Захариева.
Таа го изјавува ова два дена пред седницата на министрите за надворешни работи на ЕУ, на која треба да се разговара и усвои рамката за преговори за Северна Македонија, со цел, според претходните најави, преговорите да може да започнат на крајот на годината.

Извесно е дека Бугарија ќе стави вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, изјави пак денеска премиерот на земјава, Зоран Заев.

„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку – е повеќе, отколку да добиеме позитивна одлука. Сепак никогаш не ја губам надежта заради тоа што одговорноста е голема на политичарите. До декември има време, до крајот на декември е можност за прва меѓувладина конференција. Очекувам одговорност, крик на пријателство од бугарската страна. Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа може да развие, не ни требаат такви работи ни треба пријателство подадена рака, заедно да го чекориме европскиот пат“, рече Заев.

Каракачанов: С Македонија ги учи младите дека Бугарите се фашисти

Каракачанов обвини дека македонската страна продолжува да води антибугарска политика и дека не направила чекор напред кон приближување на позициите за отворените прашања со Софија.

На 17-ти ноември кога е закажан состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија, порача бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во гостување на бугарската телевизија Канал 3.

Каракачанов обвини дека „Македонија води антибугарска политика, образувајќи генерација по генерација млади луѓе во омраза кон бугарскиот народ“.

Според него, политичката елита во земјата продолжува да води политики, кои ја оддалечуваат од европската заедница.

„И денес, градоначалникот на Скопје, кој е од партијата на господинот Заев, прави обиколка на историските стапки по Јосип Броз Тито“,рече Каракачанов.

Слични содржини