„Вратени се во завчерашниот ден. До овој момент решение за позитивни лица, упатени на домашно лекување имаме за 5 позитивни, 13 решенија врз основа на контакти. Епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е се уште во тек и оваа бројка може да биде променета“, изјави денеска д-р Ирина Сотирова Бухова од Државниот здравствен и санитарен инспекторат по повод македонскиот автобус со млади лица кој се вратил од одмор во Грција.
Според неа, неофицијалните бројки се 26 патници, кои со таа група отишла на летување.
„Колку се точно вратени со истиот автобус, ДСЗИ до овој момент ја нема информација. Таа е важна за епидемиолозите од ЦЈЗ кои ги лоцираат контактите“, соопшти Бухова а ТВ Сител.
Претходно беше објавено дека автобус со млади лица од Македонија, кои биле на одмор во Грција, е ставен во изолација после влегувањето на македонска територија, откако се сомнева дека еден пациент е заразен со коронавирус.