Бухова: Не можам да кажам дали имало пропусти во лекувањето на починатата пациентка од Берово

од Nikola Popovski
344 прегледи

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Сотирова Бухова, за отвореното студио ТВ 24 изјави за случајот со починатата пациентка од Берово дека во овој момент не може да каже дали имало пропусти во лекувањето.

„Тоа би било надвор од ингеренциите и законите кои ги инспекторира ДСЗИ. Тоа ќе го потврди вонредниот стучен надзор“, потврди Бухова.

Таа додава дека во записникот е констатирано дека на дневна основа за Одделението за инфективни болести во Штип се потребни и доставуваат од 30 до 40 боци кислород.

„Во собата за медицински сестри постои тој телефон, чиј број е истакнат на ѕидот од секоја соба. Нашиот инспектор ги заведе сите документи кои се заведени во електронска или хартиена форма, од почетокот на лекувањето на починатата пациентка“, вели Бухова.

Слични содржини