Булеварот 8.Септември го доби најдолгиот црвен дрворед

од Берта Китинска
191 прегледи

Скопје го доби  најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен.Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој вели дека фрворедот е поставен по нови стандарди кои интензивно ги воспоставува градот, а тоа се одвоени пешачки и велосипедски патеки со зеленило меѓу нив.

-Ова се сериозно видливи промени кои се случуваат на територијата на нашиот град, тоа се стандардите за кои јас се залагам и кои чекор по чекор стануваат секојдневие кај нас.Скопје станува една многу поинаква приказна од тоа што беше во минатото, а граѓаните можат да ја видат таа разлика. Многу сум благодарен за фидбекот што го имаме од граѓаните, за задоволството што го искажуваат од воведувањето на овие современи европски стандарди, вели Шилегов.