Бунт против геноцидот во Газа: Италијански работници блокираа брод полн оружје за Израел

од desk2
22 прегледи Фотографија: Unione Sindacale di Base

Работници во италијанскиот пристанишен град Џенова го блокираа заминувањето на саудијски брод што превезувал пратка оружје за Израел, јавија светските новински агенции.

Бродот „Бахри Јанбу“, со кој стопанисува саудиската бродарска компанија Бахри, стигна во Џенова од Балтимор, САД, а требало да натовари војна опрема од италијанскиот производител „Леоонардо“, вклучувајќи и топ „Ото Мелара“ наменет за Абу Даби, заедно со тенкови и друга тешка воена техника, која наводно веќе чекала во бродарскиот терминал.

Рутинските инспекции откриле дека бродот превезува оружје и муниција за Израел дури откако 40 пристанишни работници влегле во бродот.

„Ние не работиме за војната“, порача Жозе Нивои од Автономниот колектив на пристанишни работници и Синдикалната база, додавајќи дека Пристанишната управа ветила разговори за воспоставување „постојан надзор над трговијата со оружје“.

Италијанските синдикални лидери предупредуваат дека ракувањето со такви пратки претставува соучесништво во воените злостори што Израел ги врши во Појасот Газа, ветувајќи забрана за истовар на оружје наменето на воени зони „на кој било начин“.

Работниците од пристаништето Џенова во 2019 година пресретнаа слична пратка оружје на истиот брод.

Овој инцидент е последниот во низа слични пресретнувања и блокади, што сигнализира растечко меѓународно противење на израелскиот геноцид во Газа. На многу места низ светот се одржуваа и се одржуваат протести, а на 4 јуни француски пристанишни работници во пристаништето Фо-Марсеј одбија да натовараат компоненти на орујжја на еден брод, присилувајќи го така да си замине без товарот.