Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Билјановска кај која вчера беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот уште минатиот понеделник од свои колеги била пријавена во министерството за здравство.
Според информациите, таа била на скијање во Италија, а откако се вратила, настанале конфликти на клиниката меѓу неа и нејзините колеги, кои упорно барале таа да се пријави, но наместо тоа, директорката им се заканувала со откази, ако некој го стори тоа.
Пред неколку денови присуствувала на симпозиум во Рагуза, каде што држела предавање на 100 луѓе. Од вчера три деца од основното училиште Владо Тасевски во Козле, се во домашна изолација откако вчера беше предупредено дека сите дерматолози кои биле на симпозиумот во Рагуза, треба да останат дома со своите семејства.
-Мора да имаме одговорност за колективното здравје. Како министер за здравство кој секојдневно апелира да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, морам да кажам дека сум крајно разочаран што станува збор за наша колешка, докторка, изјави Филипче.
Билјановска, којашто е четвртиот заболен со коронавирус, била пред крајот на својата работна кариера. Филипче, вчера најави дека поради неодговорноста на лекарката, по изборите таа ќе била разрешена.
Клиниката за кожни болести е затворена.Oваа одлука ќе важи во следниве две недели. Персоналот ќе биде во двонеделна домашна изолација, а пациентите веќе се пуштени дома, велат од Министерството за здравство.На Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, и ги подготват просториите за дезинфекција.Дали докторката треба да одговара и кривично, е прашањето што се поставува во јавноста, откако за неа е потврдено дека има коронавирус и со тоа е четвртиот случај заразен во земјава.Несовесната директорка стана топ тема на социјалните мрежи.На Твитер и Фејсбук има море од негативни коментари и осуда за директорката која била на скијање во Италија, и се вратла на работа.
-Пациентите пред се!
Рече Нина и заразена со корона одеше на работа една недела pic.twitter.com/kK89DG2VBS— Cherry on top (@blossom_top) March 9, 2020
Шампиони сме за глупости правење. Кога цел свет се бори против корона ние трчаме сами да си ја донесеме тука.
Неодговорноста на докторката не треба да помине неказнето. Ова е најголемиот вирус од кој си патиме. Срамота, лекарка со толку ниско ниво на свесност.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) March 9, 2020
„Болница ми е, двор ми е. Шо сакам ци правам“ 🤣
— Бошков Диме (@boskovdime) March 9, 2020
#ОнаКога скијањето ти е поважно од тоа да ги следиш препораките да не се патува во северна Италија, а притоа си доктор и директор на клиника. @VenkoFilipce до кај сме со отказот? pic.twitter.com/LLIwOyAymN
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) March 9, 2020
Мијте вие раце, директорки си скијаат во Италија.
(е новото „скенирајте вие сметки“)
— AllIllusions (@All_Illusions) March 9, 2020
Тројцата членови на семејството на сопружниците од Дебарско, кај кои исто така е констатирано присуство на Ковид-19 од 7 март биле во домашна изолација со решение на ДСЗИ, а од синоќа се хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.Во меѓувреме, најважно е тоа што граѓаните треба да ги почитуваат препораките, не треба да патуваат во Италија каде има најголем број заболени во Европа, треба да одржуваат лична хигиена и сериозно да ги сфатат секојдневните апели за самоизолација по доаѓање од ризичните региони каде има заболени од коронавирус. При влез на граничните премини граѓаните треба да кажуваат точни податоци, а ако имаат симптоми треба да ги информираат епидемиолошките служби.
Филипче вчера потенцира дека доколку се утврди непочитувањето на сите препораки кои ги усвои Владата, апелите за неодржување масовни собири на кои се очекуваат гости од странство, автоизолација после доаѓањето од ризичните региони, како и доброто спроведување на веќе препорачаната мерка со здравствен надзор и самоизолација, ќе бидат преземени најостри мерки на санкционирање.
– Секој кој доаѓа од ризичен регион доколку на граница нема симптоми, тоа е тој најризичен стадиум на болеста, на инкубација кога нема симптоми, а веќе имало контакт со заболен, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штитиме сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски, на сите граѓани. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, рече Филипче и додаде дека не можат да ги затворат границите, ниту една земја во Европа тоа го нема направено и тоа е невозможно.
Во меѓувреме, поради брзото ширење на коронавирусот од вчера цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето е строго ограничено. Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само вчера се потврдени 1.592 новозаболени од Ковид-19.
На овие телефонски броеви граѓаните треба да се јават доколку имаат симптоми на корона вирусот.