Буркините ги комбинираат исламските вредности со западниот начин на живот

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 

 

 

Наместо да се додворуваат на десните избирачи, француските политичари треба да признаат дека муслиманките кои сакаат да одат на плажите, се сојузници во борбата против извртената идеологија на Исламска држава.burka

Мажите кои ги принудуваат жените да ги соблекуваат алиштата – тоа никогаш нема да изгледа како слобода, еднаквост или практикување на „добриот морал“, независно од искористените оправдувања. Сега веќе 15 француски градови на нишан ги земаа обичаите муслиманките кога одат на плажа по терористичките убиства во јули во Ница и Нормандија. Кога снимките со француските полицајци кои ја спроведуваат забраната за буркините се појавија минатата недела, не видовме ефикасна борба против тероризмот, туку тромав обид за реакција против видливите знаци за исламот во Франција.

Поранешниот шеф на државата, Никола Саркози, во стремежот да ги привлече противниците на емиграцијата од десницата за својата кандидатура за нов претседателски мандат, се вклучи во дебата во средата вечерта и, како што рече, буркините се конфекциски затвор за телото и провокација која го поткрепува радикалниот ислам.

Таа тема се повторува низ цела Европа, каде стравот кој се чувствува од исламот ја истура својата најкрајна, насилствена и – како што вели Чарлс Кирцман во својата книга „Ослабените маченици“ – ретка форма со мирната вера на обичните муслимани. Од истражувањата на животот на муслиманите во западните држави всушност знаеме дека повеќето од нив не сакаат да се кријат во изолирани гета, или да се откажуваат од своето културно наследство и да се асимилираат до степен да станат невидливи. Тие сакаат да најдат избаланисрана еднаквост меѓу двете – да се приспособат и интегрираат во западните општества, и да бидат признати како рамноправни граѓани кои даваат свој придонес во државите кои ги нарекуваат свој дом.

На тој среден пат меѓу изолацијата и асимилирањето се појави буркинито во Австралија пред десет години. Тоа беше дело на Ахеда Занети, која сакала да создаде костим за капење за муслиманките кои сакаат да капат во водата заедно со сите други, но истовремено да го почитуваат и своето традиционално исламско достоинство.

Од истата причина, на социјалните медиуми се појавија мноштво муслимански модни консултанти, од кои најпознатата е младата Британка, позната како Дина Токио. По татко Египќанка, мајка Англичанка и со лондонски акцент, таа има над половина милион прегледи на Јутјуб, која ја гледаат нејзината ревија за халал лак за нокти (обичниот лак не ја врши својата функција затоа што водата не може да го измие при секојдневните молитви) и нејзините совети за муслиманските моми како да се шминкаат и да ја замотуваат шамијата. Токио е симбол за спојувањето на исламскиот религиозен идентитет и мултимилијарди вредната козметичка инндустрија која едвај ја допрела површината на пазарот на муслиманките.

Религизоните бараат начин да создадат не само облека и козметика, туку и да ги задоволат потребите на западните муслиманки. Можете да видите комичари кои не користат потсмев кога се шегуваат за „летечкиот бел муслиман“ додека јадете пица со чадена сланина и пиете безалкохолно пиво. Современиот исламски финансиски систем се развил кај население во земји претежно со муслимани како одговоро на западните пазари и глобалното банкарство на 20-от век, и има за цел да ги избегнува заемите со камата и не-халал инвестиции во свинско, алкохол и коцка, и да го избегнува споделувањето на ризици – ова се столбовите кои се засноваат на шеријатот.

Сето тоа, заедно со буркините, се пример како муслиманите еволуираат и се приспособуваат кон животот на запад. Покривањето на рацете, нозете и главата со наметки не е провокативен симбол за покорување. Во извртениот поглед на светот на Исламска држава, нема место за жени кои сакаат да одат на плажа во буркини.  Тие инсистираат на женската сегрегација во која жените се целосно покриени и држени на јаже. Мислам дека тоа го знаат дури и француските политичари.

Подемот на десните антиемигрантски движења како Пегида во Германија, кои наоѓаат најголема поткрепа меѓу сиромашната работничка класа и невработените, е загрижувачки како и реакцијата која се граничи со фобија на политичките елити на секаква форма на јавна религозност. Тоа е контекстот во кој маргинализираните муслимани се подложни на терористите кои врбуваат.

Добрата вест е што огромното мнозинство од муслимани не се податливи на екстремистичка пропаганда. Религизоните меѓу нив – какви и не се сите муслимани, треба да се признае – успешно наоѓаат начини да ги приспособат разумните барања на нивната вера кон секојдневието во западните држави. Дали западните политички лидери можат да си дозволат да го признаат тоа и да го подријат десниот национализам, е друго прашање.

Гардијан – Лондон