Денеска во Собранието се водеше жестока кавга меѓу претениците на Коалицијата Алијанса и Алтернатива и ДУИ.
„ДУИ 20 години добива поддршка од Албанците и постојано инсистира на соработка со опозицијата“, рече Адеми додавајќи дека АА и Алтернатива не сакаат да соработуваат со нив туку бараат поединечни средби со лидери на други партии.
Собранскиот спикер во еден момент прозивајќи го пратеникот Елми Азири од Алијансата, рече дека слушнал оти кажал да му биде фрлена вода. Азири од место негираше – тоа не биле негови зборови.
„Доколу тоа вие не сте го кажале тогаш се извинувам. Слушнав дека некој кажа да ми биде фрлена вода, нека повели“ рече Џафери.
На денешната седница се изгласаа Законото за попис на населението, и законот за промена во изборниот законик .
Со 95 пратеници ЗА и 7 против, констатирано е дека ќе се носи по скратена постапка.Кај измените на изборниот законик, сите 102 пратеници беа ЗА, односно тоа се донесе едногласно. Сега на ред е Комисијата за европски прашања да расправаат за законот, и потоа ќе се гласа на пленарна седница.