Бурни реакции: „По две недели ќе се види кој како си поминал во Охрид“

од Берта Китинска

Снимките и фотографиите од Охрид кои кружат овие денови  покажуваат дека луѓето заборавија дека вирусот постои и се препуштија на забава и дружења без да се почитуваат мерките.

Музика, журка забава без маски и дистанца.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет.

– Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете, порача Филипче на својот ФБ профил.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.

И Твитер коментарите не изостанаа на оваа тема, дел од нив пишуваа дека по две недели ќе се види кој како си поминал во Охрид.

https://twitter.com/kashlicaa/status/1289486797773451264

 

Слични содржини