Буш ШОКИРАН од фотографија од 2006 година: „Неодамна сфатив кој ме послужи вечера!

од Vladimir Zorba
628 прегледи

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш во неделата изјави дека бил шокиран кога дознал дека Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група „Вагнер“, кој загина во (многу веројатно намерна) авионска несреќа пред неколку недели, му послужил вечера.

Станува збор за вечерта која се случила пред повеќе од 17 години, на 19 јули 2006 година, во Ст. Петербург како дел од самитот на земјите од Г8 (тогаш Русија беше членка, денес ја имаме само групата Г7 без Москва – н.з.). Рускиот претседател Владимир Путин и Буш вечераа во палатата Константин.

Инаку, на конференцијата одржана во Киев (на која присуствуваше преку видео врска), Буш всушност не беше прашан за самата фотографија, туку за тоа што мисли за смртта на Пригожин и дали таа го шокираше.

– Не, бев шокиран што пред некој ден видов фотографија од самитот на Г8 во Ст. Петербург каде што тој човек ми служи храна! Тој беше готвач на Путин и тоа можете да го видите на таа фотографија, изјавил со насмевка поранешниот американски претседател.

Буш рече и дека не може да се сети дали лично го запознал Пригожин, па само итро додаде: „Единствено што знам е дека преживеав“.

Буш беше прашан дали Путин може да ги преживее последиците од војната во Украина, под услов таа да не заврши како што сака Москва.

– За тоа ќе одлучи рускиот народ, не американскиот, ниту украинскиот народ. Само Русите можат да одлучат за тоа, а тие се паметен народ, рече тој.

Слични содржини