Буш: Трамп има право да побара пребројување на гласовите, но исходот од овие избори е јасен!

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш ја поздрави победата на Џо Бајден на изборите во САД, но тој исто така истакна дека Доналд Трамп може да започне правна битка доколку сака.

„Му се заблагодарив на Бајден за патриотската порака што ја испрати синоќа до народот. Ја повикав и Камала Харис да и честитам за историскиот избор за потпретседател“, рече Буш во изјавата

Тој посочи дека иако тие имале многу политички разлики, „знае дека Бајден е добар човек, кому му е дадена можност да ја води и обедини нашата земја“.

„Му понудив исто како Трамп и Обама: молитви за нивниот успех и посветеност да им помогнам колку што можам“, додаде тој.

Буш исто така им честиташе на Трамп и неговите приврзаници за добро спроведената кампања.

Тој истакна дека Трамп има право да бара пребројување на гласовите и да започне правна битка, но додаде дека Американците можат да бидат сигурни дека овие избори „биле суштински фер“ и дека „резултатот е јасен“.

Слични содржини