Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис информира дека многумина во Грција не го сакаат Преспанскиот договор, но тој е факт.
-Работите се многу подобри отколку што беа. Луѓето се повеќе среќни што се реши овој проблем. Нашите народи се поблиски отколку порано. Многу ваши граѓани ја преминуваат границата и доаѓаат кај нас на одмор, вели Бутарис во интервју за ТВ Сител.
Според него, името ФИРОМ повеќе не постои и во Грција тоа не се спомнува.
-Само некои го користат Скопје. Сметам дека сите знаци и улици во двете земји мора да се сменат, согласно Договорот. Сепак мислам дека премиерот Заев е многу повеќе одговорен во спроведувањето на Преспанскиот договор отколку грчката влада. Таа не посвети доволно внимание на тоа колку е сериозно спроведувањето, наведе Бутарис.