Царината со финални подготовки за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово

од Nikola Popovski
242 прегледи

Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе, како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа се зајакнува конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар и се овозможува поддршка на легалната трговија од една страна и се подобруваат условите за ефикасно спречување на нелегални активности на граница од друга страна.

Ова е една од суштинските пораки од денешната посета на директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани на граничниот премин Блаце.

„Граничниот премин Блаце е втор позначаен граничен премин на нашата северна граница, кој овозможува влез кон Косово, и движења кон Србија, Црна Гора и потоа кон Јадранското море. Со неговата модернизација придонесуваме за забрзување на трговијата и транспортот и подобрување на перформансите на македонската економија”, вели Богоев.

Царинската управа значително инвестира во модернизација на граничното управување. Ова вклучува подобрување на инфраструктурата на граничните премини, поддржано со современи пристапи за забрзување на патничкиот и товарниот проток.

Слични содржини