140
Мобилните тимови на Царинската управа спречија нелегален влез на мигранти во државава, информираа од Царината.
-Имено, на ден 14.4.2023 година, на граничната царинска испостава Богородица, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, пријавено за транзит, биле пронајдени пет мигранти без документи за идентификација.
При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови, биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и Авганистан, појаснуваат од Царината.
Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за нивна понатамошна постапка.