Царината заплени обврзници вредни 92 милиони долари кај турски државјанин

од Nikola Popovski

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево на вонредна прес-конференција информира дека Царината запленила обврзници со вредност 92 милиони долари кај турски државјанин кој слетал на скопскиот аеродром.

Цариниците на 29-ти јули на влез во државата заплениле 184 обврзници со вредност од по 500.000 долари кај турскиот државјанин кој е уапсен.

Турскиот државјанин пристигнал со редовен лет од Истанбул кој се определил да помине на зелен канал односно дека нема стока за пријавување, но при контрола со скенер и детална контрола истите се најдени во четири папки во црна рачна торба.

Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните институции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.

Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба.

Обврзниците ќе бидат предадени на Агенцијата за конфискуван имот, а ќе има и финансиска истрага за спречување на перење пари и евентуална измама.

Слични содржини