Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да воведе царини за производите увезени во САД од Канада, Мексико и Кина, а неговите потези предизвикаа глобален тренд на бојкот на американските производи.
Според статистичките податоци, евидентно е дека граѓаните на Данска, Франција, Луксембург, Шведска и Канада масовно ги барале зборовите „бојкотирам САД“ на Google.
Иако Трамп не воведе царини за стоки од Европската унија, расте интересот за општ бојкот на американските производи, особено во овој дел од светот.
Ова особено важи за Данска, чии жители имаат уште една причина за таквиот потег, а тоа е фактот што Трамп продолжува да инсистира Гренланд, територија контролирана од Кралството Данска, да стане дел од САД.
Во оваа земја се појавија и групи на социјалните мрежи, особено на Фејсбук, чија единствена цел е да организираат општ бојкот на американските производи. Една таква група има дури 73.000 членови.
Сличен принцип е видлив и во Шведска, каде Фејсбук група со иста цел има повеќе од 80.000 членови.
Во Канада, како северен сосед на САД и земја која Трамп постојано ја нарекува „нова сојузна држава“, постои најголем интерес за бојкот на американските производи.
Едно истражување покажа дека дури 85 отсто од Канаѓаните повеќе не купуваат американски производи, додека политичарите како гувернерот на Онтарио, Даг Форд одговараат на тарифите на Трамп со свои царини, но и со отстранување на одредени американски производи од нивните супермаркети.