Цеца за скандалот со бугарското знаме: Навистина не знаев дека не се сакаат толку многу…

„Ги почитувам сите чувства кај луѓето - националното знаме, религијата и националноста. Исто така, барам моето да се почитува. Бидејќи кога не го почитуваш своето, не знаеш како да го почитуваш туѓото“, истакнала Цеца

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Фејсбук профил на Светлана Цеца Ражнатовиќ

Настапот на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ-Цеца во Велес се уште предизвикува вистинска бура во јавноста. Покрај реакциите во Македонија за веењето на бугарското знаме, на големо се зборува и на српската сцена.

Во интервју за српските медиуми, Цеца објаснила дека обожавателка од публиката ѝ го фрлила знаме на нашиот источен сосед. Информира дека како и насекаде каде што настапува по земјите, фанови ѝ дофрлаат различни знамиња.

-Огромна чест ми е кога некој ми го дава знамето на својата земја. Го завиткав околу мене и одеднаш се слушнаа свирежи. Не знаев за што се работи, си помислив, дали го превртив наопаку? Гледам дека не е македонското, си викам не сум луда. Но тоа никогаш порано не се случило никаде. Бев целосно збунета. Мики Секуловски ми приоѓа и вели: „Знамето, знамето!“ Прашувам: „Што е со знамето?“, а тој вели: „Тргни го, тргни го брзо!“ Поминаа секунди, повторно прашувам: „Зошто, што се случи?“, а тој извикува: „Тоа е бугарското знаме!“ Велам: „Добро, и?“, а тој повторува: „Остави го знамето!, изјавила Цеца за српски „Телеграф“.

Го тргнав, додава таа, сè уште немајќи поим за што станува збор.

-Навистина не знаев дека не се сакаат толку многу. Многу ми е жал ако повредив нечии чувства. Тоа апсолутно не ми беше намера, бидејќи не се занимавам ниту со домашна, а камоли со соседска политика – кој кого сака или не. Навистина се трудам да ширам само љубов преку мојата песна, и ова трае веќе 38 години. Така ќе остане. Ако несвесно повредив нечии чувства вечерва, искрено се извинувам, бидејќи навистина не ми беше намера го повторила пејачката својот претходно познат став.

Цеца информира дека на настапот во Велес се случил „вистински делириум“ кога потоа го кренала македонското знаме.

-Не сакам никој да мисли дека било значајно, бидејќи јас немам апсолутно никаква врска со тоа. Повторно велам, никогаш не сум одела со намера да повредам нечии чувства. Ги почитувам сите чувства кај луѓето – националното знаме, религијата и националноста. Исто така, барам моето да се почитува. Бидејќи кога не го почитуваш своето, не знаеш како да го почитуваш туѓото. Барем сум многу внимателна во врска со тие работи. Но, ете, тоа се случи, за жал, кажала пејачката за скандалот со бугарското знаме.