„Целата нога ми отече, отровот се прошири…“ Македонка доживеала ужас на плажа во Грција

Целата нога ми беше отечена, сина, трнеше, со силна болка што сè уште трае. Отровот се прошири на табанот на ногата. Ми рекоа веднаш да одам во болница, таму ми ја ставија ногата во топла црна вода за да го извлечат отровот - после тоа се чувствував подобро - напиша Сузана во групата.

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Фејсбук групата „Грција инфо“ се најде во центарот на вниманието по објавувањето на Сузана од Македонија, која сподели драматично искуство од својот одмор – таа тврди дека била касната од „отровна риба“ во плитките води, и ги предупредува туристите да бидат внимателни, особено кога станува збор за деца.

– Предупредување: отровна риба дракула. Пред 5 дена ме касна отровна риба во Неа Каликратија, во плитките води на само 3 метри од барот на плажата. Целата нога ми беше отечена, сина, трнеше, со силна болка што сè уште трае. Отровот се прошири на табанот на ногата. Ми рекоа веднаш да одам во болница, таму ми ја ставија ногата во топла црна вода за да го извлечат отровот – после тоа се чувствував подобро – напиша Сузана во групата.

Она што особено предизвика дискусија меѓу корисниците беше името на рибата. Многумина веднаш реагираа, објаснувајќи дека не станува збор за „дракула“, туку за риба „пајак“, позната и како „риба змеј“ (dragon fish). Тие исто така истакнаа дека не станува збор за каснување, туку за убод.

– Оваа риба не каса, туку сте згазнале по боцките што испуштаат отров и боли, поради убодот. Не ги збунувајте луѓето, напиша еден корисник.

Што е риба „пајак“?

Рибата пајак, позната и како „риба змеј“, е една од морските опасности што се кријат по популарните туристички дестинации. Се крие во песок и чакал, е долга околу 10 см и има отровни боцки на грбните перки.

Не е предатор и не напаѓа, но убод се јавува кога случајно ќе се згази – тогаш инстинктивно испушта отров, што предизвикува силна болка.

Затоа, се препорачува претпазливост при влегување во вода, особено на плажи каде што претходно се регистрирани убоди.

Слични содржини