„Целосно апсурдно“: Пристигна првата реакција на САД на говорот на Путин

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Пристигна првата официјална реакција на Вашингтон на денешниот говор на Путин, во кој тој тврдеше дека војната во Украина е поттикната од Западот и „киевскиот режим“.

Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, рече дека тоа е „апсурдно обвинение“.

„Никој не ја напаѓа Русија“, изјави Саливан за АФП.

„Идејата дека Русија е воено загрозена од Украина или некој друг е целосно апсурдна, таа идеја нема апсолутно никаква смисла“.

Слични содржини