183
Синоќа во пожар целосно изгоре автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Немилиот настан се случил на булеварот „Кочо Рацин“ кај основното училиште „Димитар Миладинов“ во центарот на Скопје.
-Полициски службеници излегле на местото на настанот при што е констатирано дека лицето Т.С. (21), додека го управувал моторното возило „опел астра“, од под хаубата почнало да излегува чад, а потоа за кратко време возилото целосно изгорело, информираа од МВР.
Освен материјална штета, нема информации за евентуални повредени.
Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).