Целосно изгоре локомотива пред Велес

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи вчера информираше дека локомотива на „Македонски железници“ изгоре пред железничката станица „Рајко Жинзифов“. Како што е соопштено околу 15:00 часот се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот.

Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа беше гасена со противпожарни пп апарати, појаснија од ЦУК. Локомотивата е целосно изгорена.

Засега нема официјални информации за пожарот од страна на надлежните институции.

Комисија од МЖ изврши увид на лице место. Сообраќајот на пругата продолжи да се одвива после увидот.

Слични содржини