15
Цените во октомври месец биле „намалени“ за само 0,1%, објави Државниот завод за статистика. Ете толку е ефикасноста на мерката на владата за намалување на цените, нула. Кошничката месечна се намали само 57 денари, објавија попладнево од СДСМ преку соопштение. Поради тоа, повторно побараа од Владата итно да го прифати нивниот предлог-законот за ДДВ со кој граѓаните ќе штедат до 2.000 денари месечно.