Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права
1. За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, наградата им се доделува на:
– Здружение на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ – Скопје
– Лила Милиќ
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2024 година (вторник) во 10 часот во Собранието на Република Северна Македонија.