Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Пожарникарите од Пелагонискиот регион добија нова опрема

од desk4
158 прегледи

Пожарникарите од Пелагонискиот регион добија противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра. Оваа опрема доаѓа преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди, во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија

Преку овој проект се очекјува да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони. Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево.

За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари.

Останатите активности на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор.

-Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка. Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

-На дизајнирање на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE работевме уште од 2019 година односно од моментот кога беше отворен Вториот повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција. Тимот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, заедно со партнерите УКЛО, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион како и партнерите од Грција детектира приоритетна потреба за унапредување на системот за противпожарна заштита на регионот на која сметавме дека можеме да одговориме преку реализација на еден ваков заеднички проект, додаваат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Прекуграничната соработка со Грција како и останатите Програми со останатите соседни држави се одлична платформа и можност за регионалните иницијативи и проекти кои имаат за цел заеднички напредок во приоритетните области на повеќето општини од регионот.

Слични содржини