202
Здружението на новинари на Македонија и во наредните 4 години ќе го води Младен Чадиковски.
Чадиковски на изборното Собрание што се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, доби најмногу гласови од тројцата кандидати.
За него според првичните, нецелосни резултати, гласаа 229 медиумски работници, вториот кандидат Марјан Николовски… освои 85… гласови, третиот Фиљана Кока 40. На Чадиковски ова му е втор мандат на чело на ЗНМ.
Претходно кандидатите ги изложија своите програми, осврнувајќи се на главните цели, посочувајќи ги подобрувањето на статусот, стандардот и безбедноста на новинарите и медиумските работници како приоритет.