Чадиковски негира дека ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

од Берта Китинска
313 прегледи

„Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес“, реагира Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, откако некои медиуми шпекулираа дека e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите Чадиковски имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции.

Дополнително, Чадиковски би поминал добро и меѓу албанските гласачи.

Слични содржини