Розите отсекогаш се во служба на здравјето и убавината, а особено позитивни ефекти има чајот од роза. Голем дел од розите може да бидат дел од исхраната, разликата е само во вкусот.
Чајот од рози содржи кофеин, кој енергизира, но не смее да се претерува со него, иако се работи за негова сосема природна форма. Ваквиот чај покажал и ефекти за слабеењето. Само 2 шолји чај дневно го забрзуваат метаболизмот за 30%.
Антиоксидансите се борат против слободните радикали и го штитат организмот од срцеви заболувања и дијабетес. Чајот од роза покажал благопријатно дејство при менструалните симптоми кај жените.
Благодарение на активните состојки го намалува стресот, го чува црниот дроб и спречува бактериски инфекции.
Можете да ја користите дивата роза која успева и кај нас или пак, грмушките во вашиот двор. Исушените пупки и цветови чувајте ги на суво место, заштитени од надворешни влијанија.
За 700 мл чај потребни ви се неколку лажици сушени рози. Варете ги во зовирена вода 5 минути, а потоа тргнете од оган и оставете да отстои 20 минути. Процедете и пијте во текот на целиот ден.