Чанинг Татум успеа да ги возбуди длабоко милионите фанови, откако се појави гол во Инстаграм. Се покажа дека ѕвездата била предизвикана како резултат на губење игра со неговата партнерка Џеси Џеј.
“Ја изгубив игратаа од Џесика Корниш. Изгубив и мораше да прикачам слика по избор на победникот … Повеќе никогаш нема да играм џенга со неа “, напиша до сликата 39-годишниот актер. Партнерката побрза да ја искоментира сликата со зборовите: “Споделувањето е грижа”, прикачувајќи неколку емотиконки на пламен и човече со срциња во очите.
Сликата доби повеќе од 600.000 допаѓања за половина час.
Џеси и Чанинг се заедно од октомври минатата година и немаат проблем да ги демонстрираат своите чувства во социјалните медиуми. Претходно за роденденот на Џеси, актерот сподели романтична порака.
Пред да се врзе со Џеј, Чанинг беше оженет за актерката Џена Дуан со која се раздели минатиот април по 9-годишен брак.