Луксузната чанта Беркин на модната куќа Хермес беше продадена за рекордни 380.000 долари на аукција во Хонг Конг, соопштија американските медиуми. Аукциската куќа Кристи не го наведе името на купувачот на чантата Беркин од крокодилска кожа модел Хималаи. Чантата е произведена во 2014 има токи од 18 каратно злато и 205 дијаманти. 
Почетната цена на чантата беше 193 000 до 258 000 долари. Надавањето траеше од 10 до 15 минути. Претходниот рекорд за случна чанда од Беркин беше продадена за 300.000 долари. Таа беше произведена во 2008 година.
Чантите Хималаи Беркин своето име го должат на бојата која се прелева од сиво до бисерно плава. Тие се исклучително ретки и годишно се произведуваат само една или две, бидејќи фарбањето на крокодилсктата кожа трае многу додлго.
Моделот Беркин кој е наречен по актерката и пејачка Џејн Беркин е создаден од Хермес во 1984 година.