Чави побара, Барса се согласи: Алвеш се враќа по пет години

од Nikola Popovski

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш се согласи да се врати во Барселона на една сезона, со што славниот дефанзивец се враќа на местото на најголемите успеси.

Алвеш сега чека само согласност од шпанската Примера, бидејќи беше слободен играч.

Очигледно тој ќе се врати како една од првите желби на новиот тренер на каталонскиот гигант Чави Ернандез.

Според Фабрицио Романо, познатиот италијански новинар, Чави експлицитно побарал помош во форма на Алвеш, особено што неговиот буџет за засилувања е многу стеснет поради долговите на Барселона.

Со Бразилецот е воспоставен директен контакт, па тој по пет години ќе се врати во Барса. Претходно во каталонскиот клуб помина осум години, откако пристигна од Севиља.

Алвеш порасна во Баија, оттаму во 2002 година замина во Севиља, потоа во 2008 година во Барселона, а потоа имаше пократки епизоди во Јувентус, Пари Сен Жермен и Сао Паоло каде играше од 2019 година до сега. Дани има 38 години.

 

Слични содржини