Чавков заминува -Смени во МВР!

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Според извори од МВР, се очекува до крајот на оваа седмица веднаш по разрешувањата на директорите на БЈБ и УБК министерот Оливер Спасовски да ги смени сите началници и да ја постави својата  нова гарнитура која ќе треба да го го врати дигнитетот на МВР

 

На денешната владина седница се очекува да се реализираат разрешувањата во МВР кои ги побара уште поранешниот министер Агим Нухиу. Како што објавија  повеќе медиуми  Митко Чавков го потроши  и последниот директорски ден во Бирото за јавна безбедност . Барање за негово разрешување поднесе уште екс министерот за внатрешни Агим Нухиу, а за очекување е токму  на денешната владина седница тој  да биде разрешен.

Директорот на БЈБ беше и шеф на оперативниот штаб за време на крвавиот упад во Собранието. Во извештајот на работната група на министерството, Чавков беше посочен како одговорен за настаните, бидејќи не извршил безбедносна проценка и не издал навремена наредба иако имал дојава, со што го овозможил упадот во законодавниот дом.

Денеска  се очекуваат смени и на другите раководни функции во МВР, освен Чавков, најверојатно Владата денеска  ќе го разреши и директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Владимир Атанасовски.

 Тој заедно со Чавков, во извештајот е посочен како одговорен за крвавиот упад во кој беа загрозени животите на дел од пратениците и медиумските екипи. Атанасовски е на чело на УБК од септември минатата година.

За денеска се најавува дека е можно да  биде именуван и државен секретар во министерството, но се уште не  се открива кој ќе биде тоа. Министерството за внатрешни работи потфрли на крвавиот 27 април, а претходникот на Спасовски тогаш рече дека структурите на МВР нанеле сериозна штета на државата со што стана сосема извесно дека промените ќе почнат токму од раководните функции во ова министерство.
 Она што е исвесно е дека  заменик министер во МВР ќе биде досегашниот министер на ДУИ Агим Нухиу.
Според извори од МВР, се очекува до крајот на оваа седмица веднаш по разрешувањата на директорите на БЈБ и УБК министерот Оливер Спасовски да ги смени сите началници и да ја постави својата  нова гарнитура која ќе треба да го го врати дигнитетот на МВР, како професионална институција во интерес на ситеа граѓани,  наспроти досегашното раководење коа го симна на ниво на  партиска испостава на ВМРО ДПМНЕ ,која со дел од кадрите ,беше и соучесник во споведувањетоа на државен пуч  и насилниот упад на „крвавиот четврток“ во македонското Собрание.