Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ, лидерот на ЛДП, бил сослушан од полицијата и после повеќе од еден месец по инцидентот што тој го предизвикал во Нов Белград, против него ќе биде поднесен извештај за нанесување на лесни телесни повреди.
Како што соопштило Третото основно обвинителство во Белград, Јовановиќ бил сослушан од полицијата на 21 август.
„Чедомир Јовановиќ по повод актуелните настани на 21 август 2020 година, дал изјава во Полициската станица Нов Белград, а Третото основно јавно обвинителство во Белград поднело кривична пријава за кривично дело предизвикување лесни телесни повреди според член 122 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и две прекршочни пријави во врска со излегувањето од самоизолација поради нарушувања од областа на Законот за заштита на населението од заразни болести“, се наведува во соопштението и се дополнува:
„Изјави се земени од присутните и беа добиени видеа. По приемот на кривичната пријава во обвинителството, ќе бидат преземени доказни дејствија со цел да се гони осомничениот Јовановиќ“, соопштило Третото основно обвинителство.
Повредените, Жарко Ивковиќ и Дејан Дубајиќ, исто така поднеле тужба против Јовановиќ.
Чедомир Јовановиќ го нападнал сопственикот на Клиниката за физикална терапија „Физио центар“ на 18 јули во Нов Белград. Инцидентот се случил околу 17 часот на ул. „Милутин Миланковиќ“ бр.1, кога лидерот на ЛДП, со тениски рекет го удирал по главата и телото, сопственикот на клиниката Ж.И. (41). Според очевидци, Јовановиќ излегол од црн џип и го нападнал човекот.