Европската унија воведе санкции за Роман Абрамович, а со тоа и за Челси, поради инвазијата на Русија на територијата на Украина.
Тоа практично значи дека сините преостанатите натпревари во Лигата на шампионите ќе ги играат зад затворени врати, без присуство на публика.
УЕФА соопшти дека „ќе работи со ЕУ и релевантните земји-членки за да обезбеди и да држи чекор со сите релевантни применливи мерки“.
„УЕФА е целосно посветена на имплементацијата на ЕУ и сите меѓународни санкции. Ние разбираме дека во овој случај постои лиценца од британската влада која му дозволува на Челси да продолжи со минимум фудбалски активности, се додека не обезбедува финансиски придобивки за господинот Абрамович. УЕФА ќе продолжи да блиску да соработува, да ги поддржува играчите, персоналот и навивачите на Челси во овие тешки моменти за да им овозможат да ги бранат боите на својот клуб на теренот“, се вели во соопштението на УЕФА.
Челси работи во Премиер лигата под посебна лиценца издадена од Владата на Велика Британија и носителите на сезонски билети можат да ги следат домашните натпревари.
Сепак, според санкциите на ЕУ, клубот не смее да продава билети за европските натпревари, бидејќи со тоа би се остварил приход за сопственикот на клубот кој е под санкции.