Челзи без Алонсо за три меча поради прекршокот против Лонг

од Vladimir Zorba

Челзи ќе биде без Маркос Алонсо за три натпревари откако Шпанецот беше казнет за неговата брутална интервенција против Шејн Лонг во натпреварот против Саутемптон минатата недела.

Шпанецот го удри грубо напаѓачот на „светците“ и иако судијата не ја виде ситуацијата и дури не му покажа жолт картон, по прегледаните снимки, Алонсо ја доби својата заслужена казна.

Тој се изјасни за невиновен и претендираше дека евентуална казна ќе биде премногу сурова, но тоа не му помогна и Независната комисија, која го разгледа повторно случајот, оцени дека тој требаше да биде исклучен, за што се дава санкција од 3 средби.

Тој ќе го пропушти денешниот натпревар против Барнли од лигата, мечот со Свонси другиот викенд, како и претстојното полуфинале на ФА Купот против Саутемптон оваа недела.

Слични содржини