Челзи е минато, Абрамович купува нов клуб

од Nikola Popovski
313 прегледи

Рускиот милијардер и до неодамна сопственик на лондонски Челзи Роман Абрамович во петок ќе го заврши купувањето на турскиот суперлигаш Гезтепе, објавија турските медиуми.

Како резултат на санкциите на Велика Британија, кои настанаа како последица на руската агресија врз Украина, имотот на Абрамович во Велика Британија беше замрзнат.

Сепак, Абрамович не сакал да седи со скрстени раце, па според турскиот новинар Рагип Сојлу, целата енергија ја насочил кон Турција и купувањето на Гезтепе.

Станува збор за клуб од Измир кој влече традиција уште од 1925 година.

Клубот ја демантираше веста за каков било договор со рускиот милијардер, но тамошните медиуми шпекулираат дека тоа би можело да биде дел од тактиката до завршување на работата.

Инаку, Гезтепе е на 18. позиција на табелата во турската Суперлига со 27 бодови.

Член на Гезтепе е и повремениот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ.

Фото: Shutterstock.com.com/Iurii Osadchi

Слични содржини