Чепреганов: Високата смртност од Ковид-19 се должи на вирулентноста на вирусот или на слабата имунологија

од Nikola Popovski
389 прегледи

Ме загрижуваат бројките на смртност од Ковид-19, кои растат многу. Имам две хипотези за овие податоци, вели невропсихијатарот Методи Чепреганов во интервју за ТВ 24.

Според него, или вирусот е многу вирулентен и го прави тоа што го прави или имунологијата на теренот, на кој наидува е многу слаба и не може да одговори за да остане во живот.

-Порано зборувавме и за коморбидитети, како ризик фактори. Сега има и многу протоколи, а прашањето е дали се соодветни, за да одговорат на вирусот. Сум во една стручна дилема кој е главниот фактор, кој за жал носи висока смртност. Сепак тоа не е поради неорганизација на здравствениот систем, затоа што веќе сме поискусни, поминати се веќе 2 години, смета Чепреганов.

Слични содржини