Чернева: Без решавање на политичката криза во Бугарија, нема надеж за напредокот на Скопје кон ЕУ

од Nikola Popovski
260 прегледи

„Скопје може да добие одговор од Софија во декември, доколку Бугарија добие влада со јасен мандат, но шансите за тоа се многу мали“, изјавила за ЕУРАКТИВ, бугарската заменик-директорка на Европскиот совет за надворешни односи, Весела Чернева.

Според нејзиното мислење, властите во Северна Македонија мора да ги чекаат резултатите од претседателските избори во Бугарија, закажани за 14 ноември, бидејќи позицијата на претседателот ќе биде многу важна.

Актуелниот претседател Румен Радев има добри шанси да освои втор мандат. Радев е важна фигура во Софија од април, бидејќи неговата привремена влада управуваше со земјата бидејќи партиите не успеаја да формираат влада ниту по редовните избори во април, ниту по предвремените избори во јули.

„Ако Радев не учествува конструктивно, ќе биде многу тешко да се реши проблемот“, рече Чернева.

Слични содржини