Чешка: Длабоко сме разочарани што не беше одобрена Преговарачка рамка за С. Македонија

од Nikola Popovski
489 прегледи

„Чешка останува на ставот оти бугарските барања кои беа вметнати во заклучоците се штетни за процесот на проширување на ЕУ“, стои во соопштението на чешкото МНР доставено до ДВ.

Од таму појаснуваат дека Чешка е длабоко разочарана што не била одобрена Преговарачката рамка за Северна Македонија, со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ.

„Чешката Република отсекогаш била постојан поддржувач на политиката на проширување во последните 16 години. Тоа не се промени со оваа одлука. Сепак, по внимателно разгледување, не можевме да дадеме согласност за нацртот презентиран за одобрување“, велат од Прага.

За нив, билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да си го решаваат двете земји, а не да биде дел од преговорите за членство во ЕУ.

„Нашата улога треба да биде да ги поддржиме со искуството од нашиот сопствен процес на помирување. Подеднакво сме убедени дека може да се најде решение за прилагодување на нивните барања. И други земји, исто така, ја изразија својата загриженост. Имајќи го сето тоа предвид, ние сме на мислење дека конечното усвојување на текстот треба да се случи на следниот Совет за општи работи. Дополнително, длабоко сме разочарани што Преговарачката рамка, како за Северна Македонија, така и за Албанија не беше одобрена. Целосно ги поддржуваме двата нацрти кои произлегоа од напорната работа на германското претседателство“, наведуваат од чешкото МНР.

Слични содржини