Чешка: Експлозија во рудник, 13 мртви

од desk2
101 прегледи

Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во Чешка се зголеми на 13 жртви, јави националната информативна агенција.

Претходните информации беа за најмалку петмина загинати рудари и осуммина се водеа како исчезнати. Вкупно 10 рудари се повредени.

Портпарол на компанијата „ОКД“ која управува со рудникот, изјави дека речиси е сигурно оти загинатите се Полјаци, кои биле ангажирани од полската компанија „Алпекс“.

Експлозијата на метан се случила доцна синоќа во дел од рудникот ЧСМ кој се наоѓа на околу 800 метри под земја, во близина на чешкиот град Карвина, на околу 300 километри од Прага.