Чешка ќе донира еден милион маски за С.Македонија

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил сподели дека во Скопје ќе пристигне воен авион со донација од Чешка од еден милион маски.

– После денешната видеоконференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ за донации, Чешкиот Амбасадор штотуку ме извести дека ја пренел пораката во Прага и веднаш е донесена одлука да се прати уште утре специјален воен авион во Скопје со 1 милион маски специфични за заштита од вирусот! Благодарам Амбасадоре, Благодарам до Чешката Република, сподели Османи.

Слични содржини