Чешкиот претседател ги поддржа нападите на Америка и Британија врз воени цели на Хутите

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Чешкиот претседател Петр Павел, поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО, ги поддржа воздушните напади на САД и Велика Британија врз воени цели на Хутите во Јемен.

Павел на платформата Х напиша дека повеќе не можат да се толерираат „провокативните и опасни“ напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море.

„Воената акција на нашите сојузници е неопходен чекор за да се спречат растечките тензии во регионот и да се врати безбедната меѓународна трговија“, рече Павел.

Павел беше претседател на Воениот комитет на НАТО од 2015 до 2018 година, а од 2012 до 2015 година беше началник на Генералштабот на чешките вооружени сили.

Слични содржини