Чешкиот претседател: Трансродовите луѓе се одвратни

од Берта Китинска

Трансродовите луѓе се одвратни и секој што ќе се подложи на операција за промена на полот, изврши кривично дело самоповредување, рече чешкиот претседател Милош Земан.

Тој за Си-Ен-Ен Прима даде коментар за новиот закон во Унгарија со кој се забранува промоција на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата.

„Ако сте подлегнале на операција за промена на полот, практично извршувате кривично дело самоповредување.Секоја операција е ризик и тие трансродови луѓе ми се одвратни“, рече Земан.

Повеќе од половина од членките на ЕУ се спротивставија на унгарскиот закон, но Чешка не. Земан тврди дека ова би било мешање во внатрешните работи на Унгарија.

Чешкиот лидер потсети дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, истакна дека нема ништо против хомосексуалците, но дека е против манипулирање со родители и деца во сексуално образование.

„Не гледам причина да не се согласувам со него, затоа што апсолутно ме нервираат движењата како „Парада на гордост ““, нагласи Земан.

Слични содржини