Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

од desk2
117 прегледи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.


– Празниците се денови во кои верниците меѓутоа и сите луѓе со чисто срце и јасна мисла искажуваат почит, добрина, чесност и љубов кон блиските, кон далечните, кон пријателите и непознатите. Нека секој ден биде таков ден, ден во кој ќе владее човечката добрина, искреност, чесност и разум. Заедно да се потрудиме да бидеме подобри луѓе, повредни граѓани за нашето општество, за нашата земја. Ви посакувам празникот да го поминете во мир, спокој и убави мигови покрај вашите најблиски. Нека е честит и за многу години, стои во честитката.