6
Претседателот на Собранието, Африм Гаши упатил честитка за реизборот на Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД.
Како што се посочува во честитката на Гаши, неговото докажано лидерство е важно не само за американската демократија, туку и за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Северна Македонија и Претставничкиот дом на САД.
– Убеден сум дека нашата соработка ќе се прошири во унапредување на демократските вредности, и затоа му посакувам успех во овој мандат, надевајќи се дека ќе продолжи да ја поддржува стабилноста и развојот на меѓународните односи, зацврстувајќи ги врските меѓу нашите две земји, истакнува Гаши во честитката до Џонсон.