Честитка од Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

Почитувани,

Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Со своето дело патронот на Mакедонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост. Со силна вера, дисциплина и посветеност, Св. Климент ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов. Споделувајќи ги светогледот, духовноста, културата и хуманизмот на големиот учител и ние да даруваме љубов, да бидеме внимателни и грижливи, придонесувајќи за мирот, хармонијата, просперитетот и благосостојбата во македонското општество.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

Слични содржини